Во тек е најмасовната хуманитарна акција „Пакетчиња за сите дечиња“ која започна во Охрид но, за брзо се прошири во цела Македонија.
Ова е 6-та година по ред да ги израдуваме најмалите и најмилите, а идејата зад целата акција е да се посетат оние на кои позитивната енергија им е најпотребна. Досега оваа акција има подарено над 15 000 подароци во изминативе години, а се приклучиле над 2000 индивидуални донатори и фирми, како и над 1000 активисти- волонтери кои со свој придонес донесоа радост кај најмалите низ целата држава, велат организаторите.
Според агендата донирањето на пакетчиња ќе почне од 21 декември па се до 31 декември, а опфатени ќе бидат Кичево, Македонски Брод, Ресен, Битола, Дебрца, Струга и Охрид. Подароци ќе има освен за Нова година и за Бадниковата поворка. Големо изненадување се подготвува за Св. Никола.
Очекуваме многу позитива, ширење на новогодишната магија и нормално илјадници пакетчиња како и секоја година, посочуваат.

OhridNews














