Во тек е најмасовната хуманитарна акција „Пакетчиња за сите дечиња“ која започна во Охрид но, за брзо се прошири во цела Македонија.

Ова е 6-та година по ред да ги израдуваме најмалите и најмилите, а идејата зад целата акција е да се посетат оние на кои позитивната енергија им е најпотребна. Досега оваа акција има подарено над 15 000 подароци во изминативе години, а се приклучиле над 2000 индивидуални донатори и фирми, како и над 1000 активисти- волонтери кои со свој придонес донесоа радост кај најмалите низ целата држава, велат организаторите.

Според агендата донирањето на пакетчиња ќе почне од 21 декември па се до 31 декември, а опфатени ќе бидат Кичево, Македонски Брод, Ресен, Битола, Дебрца, Струга и Охрид. Подароци ќе има освен за Нова година и за Бадниковата поворка. Големо изненадување се подготвува за Св. Никола.

Очекуваме многу позитива, ширење на новогодишната магија и нормално илјадници пакетчиња како и секоја година, посочуваат.

Сите кои сакаат да се приклучат во акцијата тоа може да го направат со донирање на пакетче во работните денови на Младинскиот центар Охрид или на тел 078/831-094. Тие што сакаат да донираат од странство да контактираат на фејсбук преку страницата „Пакетчиња За Сите Дечиња”.

OhridNews