Во тек е пријавувањето за учество на Празничниот турнир во мал фудбал кој ќе се одржи од 10 до 25 јануари следната година во СРЦ „Билјанини Извори“.

На турнирот ќе се игра „5+1“, правдата ќе ја делат лиценцирани судии и љубителите на фудбалот во Охрид ќе имаат вистински причини за уживање во првиот месец од годината.

Сите заинтересирани екипи учеството на турнирот можат да го пријават на телефоните 077 634 682 (Љупчо) односно 078 550 087 (Александар). Учеството чини 6 000 денари. Вкупниот награден фонд изнесува 220 000 денари.

Други информации за и околу турнирот можат да се добијат на официјална фејсбук страна од турнирот, тука.

OhridNews