Во тек е пријавувањето за турнирот во мал фудбал „Петровден 2019“ кој по 45-ти пат ќе се одржи од 19 јуни до 12 јули во селото Мешеишта.

Пријавувањето за турнирот ќе трае до 17 јуни. Секоја екипа заинтересирана за учество треба да се пријави кај лицето Игор Крцоски – Манце (075 701 800). Учеството чини 3 000 денари.

Ждрепката за еден од најстарите турнири во мал фудбал во регионов е закажана на 18 јуни во 21 часот во Домот на Културата во Мешеишта.

OhridNews