Во тек е пријавувањето за учество на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Јован Стојаноски“, кој ќе се одржи во Спортско рекреативниот центар „Климент Колески“.

Учеството на турнирот чини 6 000 денари а мечевите се играат на вештачка трева. Сите информации околу пријавувањето заинтересираните можат да ги добијата на броевите 078 665 667 или 075 498 328 или пак на официјална фејсбук страна од СРЦ „Климент Колески“.

Вкупниот награден фонд изнесува 280 000 денари плус награди за најдобриот стрелец и најдобриот голман. Почетокот на турнирот е закажан на 20 август а ждрепката ден претходно.