Деновиве започнаа градежни активности за реконструкција  на локалниот пат што го поврзува селото Злести со Манастирот  „ Сите Свети” во село Лешани. Предвидено е да се изврши реконструкција на локалниот пат во должина од 1800 метри.

Реконструираниот локален пат  ќе биде со ширина на коловозот од 3,0  метри и банкини од 0.75 метри од двете страни на коловозот, односно вкупната ширина на новиот коловоз ќе биде 4,5 метри. Трасата ќе се води и прилагоди према постојниот пат.На трасата моментално се врши проширување и тампонирање на банкините, во следната фаза ќе се изврши прво крпење на ударните дупки и на крај ќе се изврши надградба над постојниот асфалт со нов асфалтен слој, информираат од локалната самоуправа на општина Дебрца.

Оттаму додаваат дека главна цел на овој проект е подобрување на постоечката патна инфраструктура односно реконструкција на патот кој е во многу лоша состојба. Очекувани резултати на проектот се подобрување на патната мрежа, подобар и полесен проток на луѓе и стока и подобри животни услови за локалното население.

Вкупната вредност на инвестиција  е 5.671.100.00 денари.

OhridNews