Во Здружението на пензионерите на општините Охрид и Дебрца, неделава, започнаа изборните активности за нови раководства во органите и телата на здружението, за периодот од 2019 до 2023 година. Од вкупно 21 Месен огранок во градот и населбите во двете општини, треба да се изберат 31 член и исто толку нивни заменици. Изборните активности треба да завршат до 26 февруари.
- На почетокот на март треба да се конституира новиот состав на Собранието, Извршен одбор и десетината комисии, кои делуваат согласно статутот на здружението. На изборните состаноци во Месните ограноци ќе бидат поднесени Извештаи за работата на Месните ограноци и на Здружението на пензионерите во изминатите четири години, информира портпаролот на ЗП, Крсте Спасески.
Изборите за нови раководства во Месните ограноци ќе ги следи посебна Изборна комисија од три члена, избрана на последната седница на Собранието од декември, минатата година.
OhridNews












