Градоначалникот Никола Бакрачески денес изврши увид врз градежните активности кои се во тек, за асфалтирање на патот од селото Вапила до селото Сирула. Патот е тампониран, а асфалтирањето се очекува да започне идната недела.

Проектот опфаќа реконструкција на патниот правец во должина од  1 700 метри и изградба на нов  пат во должина од 2 700 метри. Рокот за изведба на активностите е два месеци.

Проектите за асфалтирање на патот од Вапила до Сирула, и за асфалтирање на улиците во село Косел, се реализираат со средства од Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој, а се дел од програмата на Локалната самоуправа за развој на руралните средини. Вкупната вредност на двата проекти изнесува 23 милиони и 500 илјади денари.

Од локалната самоуправа најавуваат и санирање на ударните дупки на патот кој води  од  село Косел до  село Вапила и од Вапила до Ливоишта.

OhridNews