Во тек се есенските уписи во Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид на деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма.

Преку оваа програма, како што посочуваат од Црвен крст Охрид, децата ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.

Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма, кои ќе помогнат децата да достигнат развој и целосно искористување на мозочниот потенцијал и да бидат спсобни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефикасно. Овозможете му на Вашето дете да биде дел од најдобрата детска академија во светот!, велат од Црвен крст Охрид.

Бреинобреин, потенцираат, е единствена меѓународно признаена академија за ментална аритметика со меѓународни признанија „Best Kids Education Brand Award“,  18 години искуство, во повеќе од 45 држави, над 4 милиони деца, интернационални натпревари, 2 Гинис рекорди. Додаваа дека единствено во Бреинобреин е застапен НЛП метод за деца и мултитаскинг техники и нуди билингвилна програма-англиски и македонски јазик.

Детали за уписите и пријавување на телефоните 046 261909 или 078 227433, на е-маил: [email protected], или во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 8-16 ч., а детални информации за оваа програма заинтересираните ќе можат да добијат на отворениот ден за Бреинобреин програмата кој ќе се реализира утре, 11.09.2026 г. (петок) од 17:00-19:00 ч. во просториите на Црвен крст Охрид.

OhridNews