Во организација на општинскиот Црвен крст, а со поддршка на волонтерите на Мировен корпус Македонија, во февруари започнува нов пролетен циклус од едукативната програма Приказни на англиски јазик за деца на возраст од 4 -7 години.

Волонтерите -предавачи , во периодот февруари – мај 2014 година, на забавен и интерактивен начин, преку приказни, песни, уметност и вежби, со користење на англиска литература за деца, ќе го надградуваат и зацврстуваат знаењето на англискиот јазик, ќе поттикнуваат и развиваат нови креативни вештини, ќе ја развиваат емоционалната сигурност како и хуманоста и солидарноста кај децата уште од најмала возраст.

Поради големата заинтересираност за програмата, родителите треба да пополнат пријава лично во просториите на Црвен крст, секој работен ден од 9-16 часот, најдоцна до 10-ти февруари.

OhridNews