Програмата е во организација на Црвениот крст , а во соработка со Суперкиди од Дубаи, Обединети Арапски Емирати и Браинобраин детската академија од Шенаи- Индија.
Интересот за учество во едукативната програма е голем, инструкторите се веќе пристигнати во Охрид, обезбедена е и опремата која ќе се користи во текот на наставата, деновиве ќе се врши и презентација со цел подобро запознавање на родителите со програмата и начинот на кој ќе се едуцираат децата, информираат од општинскиот Црвен крст.
Како што е веќе познато, станува збор за програма во која деца на возраст од 5-14 години ќе можат да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: фотографска меморија, концентрација, способност за слушање и учење, креативност и имагинација, самодоверба, визуелизација и решавање на проблемите.
Програмот повеќе од десет години функционира секаде во светот. Се базира на две методологии од кои едната се однесува на тренинг на мозокот кој дава големи резултати. Децата кои ќе бидат дел од оваа програма ќе се стекнат со поголема самодоверба и ќе можат да се посвесни за својата ментална појава.
Наставата започнува на 15 септември.