Од локалната самоуправа информираат дека во тек се подготвителни активности за асфалтирање на улиците „Петрино“ и „ Крум Точков“.
На дел од „Петрино“ завршено е поставувањето на нова водоводна линија, по што започна тампонирање на улицата кое треба да заврши во текот на идната недела. Потоа ќе следи и ставање на нов слој асфалт.
– На улицата „Крум Точков“ завршени се активностите за поставување на водоводни цевки, а во тек е поставувањето на атмосферската канализација. И овие активности се очекува да бидат завршени идната недела по што ќе следи и асфалтирање, велат од локалната самоуправа.
Инфраструктурните зафати се во рамки на програмата за комунален развој на локалната самоуправа. Во текот на летниот период беа асфалтирани неколку улици во градот меѓу кои и дел од улицата „АСНОМ“,„ Карпош Војвода“, „Радојца Новичиќ“, дел од улицата „ Јане Сандански“.
OhridNews