Вчера, околу 21.20 часот на улицата „Славеј Планина“, настанала меѓусебна расправија која потоа прераснала во тепачка, помеѓу 16 годишно и 14 годишно лице  од една страна и двајца малолетници и 18- годишен охриѓанец , од друга страна.

Во тепачката еден од учесниците се здобил со тешки телесни повреди, по што му била укажана лекарска помош во охридската Општа болница, каде е задржан на лекување.  

Од СВР Охрид информираат дека се работи на целосно расчистување на случајот.

OhridNews