Утрово, околу 04,30 часот во близина на Општата болница , настанала тепачка помеѓу двајца охриѓани и три лица од Скопје.

При тоа, двајца од учесниците во тепачката од Скопје, се здобиле со повреди.Едно лице со нож е повредено во пределот на лицето и вратот, а друго во пределот на левата дланка.

По укажаната лекарска помош сите учесници се приведени во СВР- Охрид каде се преземаат мерки за расчистување на настанот.

OhridNews