Од страна на Секторот за внатрешни работи Охрид  поднесена е кривична пријава против  26-годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

Според информциите на МВР, во тепачка помеѓу пријавениот и 30-годишно лице, што следела по вербална расправија, од здобиените удари лицето се здобило со тешка телесна повреда.

Поради сериозноста на повредите, 30-годишното лице е пренесено во болницата „Св.Еразмо“.

OhridNews