Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“ , полициската станица Струга поднесе кривична пријава против три лица од Струга. Пријавените, кривичното дело го извршиле на 13-ти март годинава околу 02 часот во ноќен во Струга.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, во ноќниот клуб првопријавениот прво упатил заканувачки зборови кон друго лице, вработено во полициската станица во Струга по што со рака го фатил во горниот дел од блузата и го истуркал.

Напуштајќи го ноќниот клуб, лицето пред влезот бил сочекан од  првопријавениот кој физички го нападнал задавајќи му неколку удари со тупаница во пределот на главата. Веднаш потоа, во физичкиот напад се вклучиле и другите две лица, кои на сега повредениот, му нанеле повеќе поединечни удари по целото тело. Тој паднал на асфалтот, но и покрај тоа пријавените продолжиле со удари  со нозе и раце по телото при што му нанеле тешка телесна повреда скршеница на коска на рака.

OhridNews