Вчера, во 22 часот и 15 минути, во Струга на ул.„Кеј Борис Кидрич“, настанала распавија, а потоа и тепачка помеѓу И.Т.(49) од село Радолишта и М.С.(56) од село Долно Татеши, во која си размениле удари со тупаници и клоци по телата, а М.С. со нож му нанел убодна рана на И.Т. во пределот на вратот.

На И.Т. му е укажана лекарска помош во Медициснкиот центар- Струга, каде се констатирани телесни повреди. 

Од страна на струшката Полициска станица се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

OhridNews