Во организација на германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ),во Тирана се одржа средба на политичките партнери на проектот за заштита и одржливо користење на биодиверзитетот на Охридското, Преспанското и Скадарското езеро.

На средбата учествуваа заменик министерот за животна средина, Стево Темелковски, заменик министерот за животна средина на Албанија, Диана Бејко , раководителот на Канцеларијата за заштита на Охридското езеро, Дејан Пановски, како и претставници од министерството за одржлив развој и туризам на Црна Гора, од министерствата за земјоделство, сектор рибарство, агенциите за заштита на животната средина како и секретаријатите за заштита на Охридското и Скадарското езеро.

Целта на средбата беше размена на информации помеѓу политичките партнери на проектот за постигнатите  резултати од теренската работа на регионалните работни групи за води и риби.

Заменик министерот за животна средина, Стево Темелковски  ја истакна важноста и подготвеноста на Македонија за взаемно делување и соработка со другите земји за заштита на прекуграничните води и природни ресурси.

Од страна на раководителот на Канцеларијата за заштита на Охридското езеро, Дејан Пановски беше истакната взаемната поврзаност на  проектните активности со Координативното тело на Дримскиот Басен.

OhridNews