Во спортски обложувалници во Струга пуштени во оптек фалсификувани евра.

На 24.09.2021 во Полициската станица Струга било пријавено дека во три спортски обложувалници во Струга биле пуштени во оптек фалсификувани евра. Според пријавеното, во трите обложувалници во периодот од 21.00 до 21.30 часот влегле по три лица и од вработени размениле фалсификувани банкноти од по 100 евра. Банкнотите биле подигнати за понатамошна постапка, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

OhridNews