Денес  во основните училишта  „Григор Прличев“ , „Свети Климент Охридски“ и во средното  угостителско училиште „Ванчо Питошески“ се спроведе екстерно тестирање, според однапред утврден план направен од страна на државната комисија задолжена за спроведување на екстерното тестирање.

Тестирањето продолжува и утре, а ќе се спроведува и на 24- ти и 25- ти декември.

Денешното тестирање е пробно, а во мај идната година ќе се спроведе и главното тестирање.

Како што нагласуваат од министерството за образование, добиените резултати од екстерното  тестирање на учениците нема да влијаат врз полугодишните оценки. Се воведува за да се оцени дали  наставниците објективно го вреднуваат  нивното знаење.

OhridNews