Со презентација на клубот на подводни активности „Смфора“, во Трпејца денекса продолжува културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.
Во рамки на манифестацијата ќе се одржи и  „Вечерна променада – со кајче по езерото“ –која ќе биде збогатена со настап на ученици од ОМУ „Методи Патче “ – Охрид.
Организатор на манифестацијата културно- забавно лето „На зајдисонце“, е Здружението за развој и промоција „За Трпејца со љубов“,  со поддршка од Месната заедница и Црковниот одбор од селото.
OhridNews