Емисијата „Во центар“ на новинарот Васко Евтов синоќа не се емитуваше во редовниот термин на Алфа тв.

– Со жалење ве известувам дека „Алфа“ телевизија вечерва не ја емитуваше емисијата „Во центар“. Денеска околу 16 часот, ме информираа дека најавата за емисијата била многу јака и дека биле „исплашени“ поради тоа. Се надевав дека ќе соберат доволно демократски кураж и дека ќе направат нормален чекор и ќе ја објават емисијата. Но, очигледно џингловите со „Скопје 2014“ покажуваат некои тенденции во телевизијата, напиша Ефтов на својотпрофил на Фејсбук кој брои повеќе од 24 илјади членови.

Ефтов во меѓувреме ја објави емисијата во која се говори за последните меѓуетнички инциденти на својот „you tube“ канал.


OhridNews