Во центарот на Куманово во понеделникто
навечер е убиен педесетогодишниот Горан Стојковски познат по прекарот
Линка, јавува „Макфакс“. Кој го убил Линка сè уште се испитува, но од СВР Куманово велат
дека се приведени повеќе од десет лица.
Убиството се случило околу 22:40 часот на влезот на трговскиот центар
„Гарнизон“ во моментот кога Стојковски сакал да влезе во зградата.
Убиството го пријавил граѓанин на Куманово кој го забележал безживотното
тело на Стојковски, кој неофицијално бил застрелан со повеќе куршуми во
глава.
Горан Стојковски пред шест ипол години ги уби Горан Ѓеорѓиевски – Мујо и
Ненад Вељковски – Чавка, а рани уште тројца пред неговиот клуб „Линка“.
Мотив за убиствата бил физички напад на Мујо врз најстариот син на
Стојковски – Марко.
Судот го осуди Линка на осум години затвор, бидејќи го прогласи за непресметлив кога го извршил убиството.
Пред шест месеци Стојковски бил пуштен од затвор, откако ја издржал
казната. Сега се испитува дали убиството е одмазда за она што го направи
„Линка“ во 2005 година.
Горан Ѓеорѓиевски Мујо имаше кривично досие, но во 2001 беше назначен за командант на единицата Лавови.
извор: „Макфакс“