Охрид, денеска, со повеќе манифестации ја одбележува 109 годишнината од смртта на Христо Узунов. Чествувањата започнаа со историски час посветен на херојската погибија на Христо Узунов и неговата чета.  На спомен обележјето на Христо Узунов се поклонаа и положија цвеќе делегации од локалната самоуправа, основното училиште кое го носи неговото име „Христо Узунов“ , политичките партии, бројни здруженија на граѓани и поединци почитувачи на ликот и делото на Узунов.

Свеченоста продолжи во село Цер – Кичевско, каде што се одржа панихида во чест на херојот. На паметникот на херојот се поклони и делегација од општина Охрид.

OhridNews
фото:ohrid.gov.mk