Православните христијани, во текот на вчерашниот ден масовно ги посетија охридските верски храмови, каде што се одбележа споменот на христовите страдања, неговото судење и распнување. Претходно, на Велики четврток се одбележа и Евхаристија, каде Исус ја востановил светата тајна – причесната.

По повод овој празник, рано изутрина во црквата „Св. Никола“ имаше богослужба, односно литургија. Исто така, имаше и општ маслосвет, каде што беше осветено масло. Сите граѓани кои присустуваа беа помазени со светото масло, а секој од нив си зеде за дома. Тоа се користи кога луѓето имаат тегоби, а во пракса се докажува дека тоа е исцелително.“ – вели отец Сашо, од црквата „Св. Никола“ во „Долна влашка мала“.

Вечерта, во црквата „Св. Никола“ се оддржа литурија, каде што беа прочитани 12-те страдални евангелија.

12 пати се навраќаме на христовите страдања, а се читаат деловите од евангелијата каде што Христос е осудуван, тепан, презиран и пратен на распнување. Исто така, на Велики Четврток распетието се поставува на средината во црквата, а луѓето се поклонуваат и на тој начин искажуваат почит спрема неговото дело. “ – додава отец Сашо.

По нарoдните обичаи, на Велики Четврток се вапцуваат јајца пред изгрејсонце, а граѓаните ги носат во верските храмови

Овој обичај не е црковен, но според народните верувања рано од сабалје се вапцуваат јајца, а оние кои сакаат ги носат во верските храмови да преноќат. Се верува дека тоа им носи здравје, но сепак обичајот е народен.“ – вели отец Сашо.

Инаку, денеска традиционално се вади плаштеница, која го симболизира христовиот гроб, а вечерва се врши оплакувањете кога со плаштеницата се врти три пати околу верските храмови.

O.T.