Претпладнево, околу 11 часот во реката Црн Дрим во Струга се удави 23- годишно момче од селото Пласница- кичевско.
Како што информираат од СВР Охрид, момчето скокнало од Мостот на поезијата , а по 50 метри почнало да дава знаци на давење и да бара помош. Неколку лица кои биле во близина се обиделе да му помогнат, но не успеале.
Во тек е увид на местото на несреќата, а во текот на денот се очекува да биде извршена обдукција на телото.












