Министерството за образование, денес, објави конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2016/2017 година.

Во учебната 2016/2017 година, во јавниот ученички дом „Ванчо Питошески“, за сместување и исхрана од средното образование ќе бидат примени 125 ученици, односно 36 од прва година, 47 од втора година, 22 од трета и 20 ученици од четврта година.Право на прием во јавните ученички домови имаат ученици кои се запишани како редовни ученици во средното образование во учебната 2016/2017 година; се државјани на Република Македонија; да се запишани на наставен план и програми кои не се застапени во општината, училиштето во кое ученикот е запишан да е одалечено најмалку 25 километри од постојаното место на живеење и да има организирано јавен превоз;училиштето во кое ученикот е запишан да е одалечено најмалку 10 километри од постојаното место на живеење и нема организирано јавен превоз.

Учениците, кои конкурираат во првиот уписен рок, комплетната документација ја доставуваат од 29.06.2016 година до 08.07.2016 година во домот каде што бараат сместување. Учениците, кои конкурираат во вториот уписен рок, комплетната документација ја доставуваат од 22.08.2016 година до 30.08.2016 година во домот каде што има слободни места после првиот уписен рок. Учениците кои од претходната учебна година престојувале во ученички дом, комплетната документација треба да ја достават најдоцна до 06.07.2016 година до соодветниот дом.

Учениците, кои од претходната учебна година престојувале во домот, а се упатени на поправен испит, комплетната документација треба да ја достават најдоцна до 31.08.2016 година до соодветниот дом.

OhridNews