Со цел заштита и унапредување на животната средина Ј.П.Охридски Комуналец   во дворовите од основните училишта во општина Охрид ќе постави по три контејнери:  син контејнер во кој ќе се фрлаат отпадоци од хартија (весници, тетратки, хартиени вреќи и кеси и.т.н.); зелен контејнер  во кој ќе се депонира отпад од метал (лименки, конзерви, метални кутии и капачиња)  и жолт контејнер во кој ќе се фрлаат пластични отпадоци (пластични шишиња, чаши и кутии, кеси и најлон фолии).

– На овој начин нашата најмлада популација најдобро ќе ја имплементира еко-заштитата во својата средина,  со што ќе придонесат  за заштита на целата планета. Средставата собрани од селектираниот отпад ќе овозможат реализирање на многу други еколошки проекти и подобра иднина за новите генерации кои ќе седнат во училишните клупи, потенцираат од јавното претпријатие.

За успешна реализација на проектот, што ќе се спроведе во соработка со “Пакомак” –Скопје, денес во просториите на ЈП Охридски комуналец беше одржан состанок на кој учествуваа директорите на основните школи на територијата на општина Охрид.

OhridNews