Уличката кај старата автобуска станица што ги спојува улиците „Димитар Влахов“ и „Партизанска“ и која со години беше затворена за сообраќај, ќе биде пуштена во употреба.


Деновиве асфалтиран е преостанатиот дел од кусата уличка, поставени се банкини и сообраќајни знаци, а во текот на денешниот ден ќе биде извршено обележување на коловозот.


Уличката ќе биде еднонасочна во правец од „Димитар Влахов“ кон улицата „Партизанска“. Со нејзино пуштање во употреба според одговорните во локалната самоуправа ќе се растовари сообраќајот во центарот на Охрид.

OhridNews