Во куќата на Уранија на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), утре вечер во 20 часот, ќе биде промовирана книгата „Охридска урбана иконографија“ од Викторија Поп Стефанија.

На промоцијата ќе се обратат академик Вера Битракова Грозданова, промоторот проф.д-р Иван Додовски и рецеnзентот проф.д-р Елизабета Шелева.

Настанот музички ќе го збогатат проф. Љупчо Аслимоски- пијано и проф. Кирил Белистојаноски – виолина.

Покровител на настанот е Општина Охрид.

Г.М.