СВР Охрид денеска излезе до детали за сообраќајната несреќа што се случи вчера вечер во 19 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево после мостот кај влезот за с.Горенци, во која учествувале патничко моторно возило “Шевролет“ со скопски регистерски таблици управувано од 55 годишно лице од Скопје и автобус “Ивеко“ со охридски регистерски таблици управувано од 57 годишен жител на Охрид.

„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата “Свети Еразмо“ каде му била укажана лекарска помош. Со телесни повреди се здобил возачот на автобусот кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата “Свети Еразмо“. Со телесни повреди се здобила и патничка во автобусот (21) од Охрид која исто така со возило на Итна медицинска помош пренесена била во болницата “Свети Еразмо“ за укажување на лекарска помош.“ – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

На местото на настанот извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

OhridNews