Од МВР со повеќе информации околу вчерашната сообраќајна незгода што се случи околу 08.20 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај Ново Село.

Во сообраќајната незгода учествувало патничко возило „Фолксваген“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 37-годишно лице од Струга, во кое се превезувале уште две возрасни лица и четири деца на возраст од 14, пет , три и една година, сите од Шведска.

Во еден момент возилото преминало на спротивната коловозна лента и удрило во патничко возило „Цитроен Ксантија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 34-годишно лице од Ново Село, општина Дебарца. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „Цитроен“ и сопатничката во возилото „Фолксваген“, додека со телесни повреди се здобило едногодишното дете. Тие биле задржани на лекување во болницата „Св.Еразмо“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

OhridNews