Во сообраќајната незгода што вчера се случи во 10.40 часот, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај превојот Стража, учествувале патничко моторно возило “Ауди А6“ со скопски регистаски ознаки и патничко моторно возило “Фолксфаген Голф“ со кичевски регистарски ознаки, информираат од СВР Охрид.
Во незгодата со повреди се здобиле возачот од возилото “Фолксфаген Голф“ кој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, потоа сопатник од истото возило како и тројца сопатници од возилото “Ауди“ кои биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево.