Од 16-ти до 19-ти мај, во објекот на Црвениот крст и тренинг центар на МАИВП во селото Велестово, ќе се одржи семинар за водичи во планина.

Семинарот е наменет за лиценцирани водичи кои треба да ја обноват својата легитимација, за кандидати кои се во процес на обука, како и за сите кои се заинтересирани во иднина да започнат обука за оваа професија или пак имаат потреба од надградба на своите знаења од областа на престојот и движењето на планина.

Програмата на семинарот е поделена во два дела, а инструктори ќе бидат Константин Циривири, Антонио Додевски, Димитри Димитров, Григор Жура и Антонио Миленковиќ.

Инаку, семинарот е од отворен карактер, а него може да учествуваат сите кои се заинтересирани да научат нешто за движењето и престојот на планина, како и да се запознаат со основите на планинскиот туризам.

OhridNews