Во организација на месната заедница на село Велгошти и МК ВМРО-ДПМНЕ Велгошти на 7 јули (Иванден) во манастирот „Св. Петка” во с. Велгошти се одржа чествување по повод 123-годишнината од формирањето на Првата Охридска востаничка чета.


На повикот на востание Велгоштани до еден застанале под Македонското црвено знаме, на кое пишувало: “Смрт или Слобода!”
За историското значење на овој чин, кој се смета за најголем успех на Охридската револуционерна организација говореше проф. М-р Михаил Патчев.
Свежо цвеќе положија делегациите на МЗ на село Велгошти, МК ВМРО-ДПМНЕ Велгошти, како и ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
OhridNews

















