Високи претставници од туристичиот сектор во Холандија, предводени од главниот извршен директор на холандскиот тур-оператор ТУИ, Стефан Ван Дер Хајден, од денеска престојуваат во Охрид. Тие утрово пристигна со чартер лет на аеодромот „Св. Апостол Павле“ каде беа пречекани од амбасадорката на Холандија во Македонија Мариет Схурман, претставници од општина Охрид, Агенцијата за промоција на туризмот во Македонија како и претставници од локалните туристички агенции „Каратанова Турс“ и „Охрид Холидејс“.


-Македонија е земја која брзо се засакува и тешко се напушта, земја со големо гостопримство и многу убавини, истакна во поздравното обраќање амбасадорката Сгурмаг.


-Охрид и Охридското Езеро се препознатливо културно и природно богатство под заштита на УНЕСКО и едно од 29-те такви места во светот. Холандските туристи секогаш биле добредојдени во Охрид и во голем број го посетувале нашиот град, а последните неколку години имаме позитивен тренд, кој очекуваме да продолжи и оваа сезона.-рече претседателот на Советот на општина Охрид д-р Гордана Коњаноска.


Директор на холандскиот тур-оператор ТУИ, Стефан Ван Дер Хајден, кој прв пат е тука, изјави дека слушнал многу убави зборови за Македонија и нејзините туристички потенцијали кои сега ќе има прилика да ги види, посочувајќи дека топлото добредојде ветува дека туристичките работници од Холандија ќе поминат убави три дена во Охрид.


Оваа година на ривиерата се очекува да престојуваат 25.000 -30.000 туристи од Бенелукс со реализирани аранжмани, истакна Васко Коциров од агенцијата „Каратанова Турс“. Тој изрази оптимизам дека нивниот број во иднина ќе расте особено преку таканаречениот балкански тури, преку кои на туристите од Бенелукс во пакет им се нудат државите од регионот.

-Оваа година засега имаме 4 чартер лета неделно, а од понеделник ни почнува петтиот чартер, а недела или две потоа „Туи“ – корпорација Белгоја и Холандија воведува дополнителен шести лет. Нашите конкуренти од „Корендон“ засега имаат три чартер лета неделно , но очекувам дека и тие ќе го зголемат бројот на летови. Целокупно може да се случи во високата сезона да имаме 8-9 чартер летови неделно од Бенелукс на Охридскиот аеродром, што е добро за Македонија како дестинација независно која агенција ги носи туристите, рече Коциров.


Во 2010 година Македонија ја посетиле вкупно 6.612 холандски туристи, во 2011 година оваа бројка се искачи на 22.219, додека пак во 2012 на 27.121. Оваа бројка бележи нагорен тренд и  во текот на оваа летна сезона преку тур-операторите се очекува да пристигнат над 25.000 холандски туристи.

OhridNews