Во полициската станица во Струга, вчера во 8.40 часот било пријавено дека кај мостот на реката Сатеска во патничко моторно возило „БМВ“ со струшки регистерски таблици, на задното седиште бил пронајден починат Н.С. (63) од село Теферич- струшко, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На местото на настанот, извршен е увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга, а по наредба на Јавен обвинител телото  на починатиот е предадено за обдукција.

OhridNews