На магистралниот пат Охрид-Кичево, вчера, околу 16.15 часот полициски службеници, по писмена наредба од суд, а поради постоење основи на сомнение дека се превезуваат фалсификувани пари, извршиле претрес во патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Скопје, во кое се наоѓале три лица.
При претресот над лицата и возилото, во чанта на едно од лицата биле пронајдени 51 фалсификувана банкнота од по 500 денари, нотес со евиденција каде ги пуштал во оптег, а уште три банкноти од по 500 денари биле пронајдени во возилото.
Лицата се приведени за понатамошна постапка.
OhridNews













