Муницијата била пронајдена при пријавување за влез на патничко моторно возило во државата, марка VW Passat, со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин од струшкото село Велешта, придружуван од неговата сопруга.
На прашање на царинските службеници, возачот одговорил дека нема ништо за пријавување за царинска контрола, но при извршената контрола на внатрешноста на возилото, под совозачкото седиште, покриена со џемперот на сопатничката, била пронајдена најлонска кеса со 120 куршуми за огнено оружје, со калибар 7,62 мм.
Пронајдената муниција е предадена на вештачење во Одделот за криминалистичка техника на Министерството за внатрешни работи, а по комплетирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава за утврдување на неговата одговорност.