Во вториот круг од локалните избори, во општина Струга за градоначалничката функција ќе се тркаат кандидатот за градоначалник од Алијансата на Албанците, Зиадин Села, со освоени 9.289 гласа или 30.24% и Рамиз Мерко од ДУИ со освоени 7.916 гласа или 25.77% од вкупно изброените гласови.
Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Васил Ашталкоски освои 7.140, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сејад Солакоски освои 4.149 гласови. Кандидатот на БЕСА Лавдрим Елмази доби 1.060 гласа, а независниот кандидат за градоначалник Насто Палиоски освои 177.
На вчерашните избори во општина Струга на гласање излегле 30.722 односно 50.75% од запишаните гласачи.
OhridNews












