Под мотото Растеме заедно, во вторник ќе се одржи  петтата масовна акција Ден на дрвото. Според најавите на организаторите, во традиционалната акција за пошумување, се планира да се засадат 7,5 милиони садници. Пошумувањето ќе биде на ридски и на планински места, но и на голините покрај автопатите, градските периферии и други попристапни локации. Симболичен број дрвца овој пат ќе се засадат и во пограничните региони од соседните држави.

 Со одлука на Владата на Република Македонија, Денот на дрвото, 30 март, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Министертвото за труд и социјална политика соопштува дека овој ден ќе се одработи на 17 април, сабота.

OhridNews