Во вторник, 9 септември, во 12 часот во Лапидариумот ќе биде промовирана фотомонографијата – „Свето Таинство“ на уметникот и фотограф Зоран Летра. Во уметничката фотомонографија се поместени 90 фотографии со мотиви од Охрид и 9 текстови од еминентни уметници, професори и истражувачи.

„Свето Таинство“ е во издание на Општина Охрид, а ќе биде промовирано од охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски.
OhridNews











