Апелациониот суд во Камерун во понеделникот ја поништил пресудата со која две машки лица биле осудени на по пет години затвор затоа што „изгледале како хомосексуалци“ и нарачале ликер Бејлис Ајриш Крим. Судот наложил лицата да бидат ослободени од затворот во кој минале повеќе од една година и каде биле малтретирани од чуварите и другите затвореници.

Борците за човекови права побарале од претседателот на Камерун Пол Бије да наложи ослободување на сите лица осудени врз основа на строгите закони вперени кон хомосексуалците. Пред три седмици камерунскиот суд ја потврдил петгодишната затворска казна за Роже Жан Клод Мбеди, изречена затоа што испратил порака на машко лице во која пишувало „те сакам“.