Најголем број јавувања кои деновиве пристигнале до регионалниот Центар за управување со кризи се од струшките села, кои обилните врнежи од снег буквално ги блокираа и отсекоа од останатите сел аи градови во околината. 

– Се јавуваат од селото  Јабланица кое брои и најголем број жители од овие струшки села, но тешка е состојбата и во останатите планински села во струшко-  Горна Белица, Модрич и Дренок, велат од ЦУК.


Жителите од овие села барале помош во храна и лекови и апелирале надлежните што поскоро да превземат мерки за расчистување на патните правци кои водат до нив.

Како што информираат од ЦУК иако од нивна страна била побарано помошта во храна и лекови хеликоптерски да се однесе до овие села, им било кажано дека поради специфичната местоположба на овие села и лошите временски услови тоа засега е невозможно.


Екипи од општинскиот Црвен крст, со специјални скии во два наврати интервенцирале носејќи лекови за жителите од завеаните села.

OhridNews