Во Заводот за кардиоваскуларни заболувања, денес, тим лекари предводен од д- р Никола Бакрачески, ја изврши првата интервенција користејќи нов, современ метод од интервентната кардиологија-ултразвучна дијагностика на коронарните крвни садови, интраваскуларен ултразвук.
Како што потенцира д- р Бакрачески, новиот метод ќе придонесе кон подобрување на дијагностичките перфоманси во насока на побрзо откривање на стеснувањата на крвните садови на срцето, запознавање со природата на наслагите во стеснувањата , сите недостатоци кои со коронарната ангеографија не можат да се видат.
– Воедно оваа метода овозможува да се подобри ефикасноста на процедурите кои овде се изведуваат . Сега имаме можност да го одбереме најадекватниот стент , неговата должина, и навреме да ги увидиме проблемите на стентот кои настануваат по неговата инплантација, а кои со досегашните методи не можеа да се забележат. Со тоа веднаш може да се пристапи кон интервенција и санирање на проблемите, рече Бакрачески.
Д- р Бакрачески додаде дека воведувањето на новата метода е дел од континуираните напори на менаџерскиот тим и докторите во Заводот за кардиоваскуларни заболувања, кои се посветени на усвојување на напредни техники и процедури во интервентната кардиологија и кардиологијата воопшто.
OhridNews