Македонецот Божин Трајкоски, кој долги години живее во Австралија, пред десетина месеци во општина Охрид ја прмовира идеата за изградба на елитна еко населба во охридското село Лакочереј. Со планот на инвеститорот Трајкоски кој е во завршна фаза, се запазени сите еколошки и светски стандарди, а со истиот се предвидува изградба на 174 објекти кои ќе се простираат на површина од 20,6 хектари во месноста викана Вишо.

Планот најпрво бил испратен за согласност во Министерството за транспорт и врски, но поради претстојните избори вратен назад. Како што информираат од локалната самоуправа, Анти-корупциската комисија дала позтививно мислење за да се продолжи со носење на урбанистичките планови, а овој план повторно ќе биде доставен до ресорното министерство.

Тоа значи дека во однос на конкретниот случај, локалната самоуправа повторно ќе го достави предлог-планот до Министерството за транспорт и врски, со што ќе продолжи законски пропишаната постапка за негово донесување.“ – велат од општина Охрид.

Секој потенцијал купувач, во еко-населбата ќе може да изгради куќа П+1, а градежните зафати ќе се одвиваат под строг мониторинг.

Секој потенцијален купувач, ќе може да изгради куќа според седумте понудени различни стилови. Објектите ќе бидат П+1 со седуметарска висина од плочата. Ентериерот ќе биде по избор на купувачите. Во секој случај, се ќе биде под строг мониторинг за објектите да бидат исти.“ – изјави инвеститорот Божин Трајкоски, при најавата за инвестирање во родниот крај.

Во еко-селото се предвидени општествено полезни објекти како Дом за стари лица, спа и спортско рекреативен центар.

Пензионерскиот дом ќе има 100 соби, а секое лице ќе има свој апартман, соба за спиење и паркинг простор. Во средината на домот, предвидена е кујна и клуб за пензионери, со цел истите да имаат занимација преку целиот ден. Спа-центарот ќе биде помал, но конфорен за постарите лица. Тука се наоѓа и едно-километарска пешачка зона за шетање и рекреација. Патот ќе биде широк 6 метри, а од двете страни ќе се протега дво-метарски тротоар и зелен појас. Во планот има голема површина со шума и зеленила, со цел воздухот да биде чист.“ – потенцира Трајкоски.

О.Т.