Во завршна фаза е поставувањето на нова водоводна линија на улицата „Кленоец“ со која жителите ќе добијат поквалитетно водоснабдување, информираат од Општина Охрид.
Наредната фаза од овој проект опфаќа реконструкција на атмосферската канализациона мрежа, нешто што долги години е претставува реален проблем за жителите. На крај ќе следува комплетно уредување на улицата со поставување на нов асфалт и реконструкција на тротоарските површини, посочуваат од Општина Охрид.
OhridNews