Кардиоваскуларните, болестите на белите дробови, малигните заболувања и дијабетeсот се главните причини за смрт кај 78 отсто од починатите лица во зејмава.

Ова го покажуваат податоците на Светската здравствена организација, според кои во земјите со низок и среден приход како Македонија, дури 30 отсто од смртните случаи се кај луѓе под 60-тата година од својот животен век.

Инаку, во светот годишно умираат 36 милиони луѓе поради незаразните болести, а  секоја година околу девет милиони лица умираат прерано од ваква болест.

OhridNews