Најмалку 22 луѓе загинаа во силниот земјотрес кој денеска го погоди североисточниот дел на Јапонија и предизвика цунами, јавува Ројтерс.


Како што соопшти јапонската Метеоролошка агенција, земјотресот со магнитуда од 8,9 степени е најсилниот земјотрес кој било кога ја погодил Јапонија.

Земјотресот и цунами брановите високи 10 метри, причинија огромна штета во Јапонија, а предупредувањето од цунами се прошири на поголемиот дел од крајбрежното подрачје на Тихиот Океан.

Евакуацијата на луѓето веќе започна на рускиот Далечен исток, Филипините и на Маријанските острови.

“извор Макфакс“
Ohridnews