Должност на компаниите во заедницата каде дејствуваат е да дадат придонес, но исклучително е важно да се таргетираат и потребите на заедницата за правилно да се насочат активностите, беше потенцирано на панел дискустијата на тема „Општетствена одговорност“ во рамки на овогодинешното деветто издание на „Охрид трчаТ“.
Свои искуства, практики и визии за позитивното влијание во заедницата споделија Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во Би Милк, Клемен Турк, менаџер во ЛТХ Леарница, Виктор Дојчиновски, директор на човечки ресурси во Костал и Александар Митковски, со-сопственик на Спорт Лаб.
Кога зборуваме за општествена одговорност ние развивме една корпоративна платформа под името „Растеме заедно“ каде и спортските активности се неизоставен дел од таа платформа имајќи во предвид дека спортот како област е една од најважните за развој од најмала возраст, рече Јанкуловска.
Ние имаме должност во заедницата каде создаваме како компанија, да возвртаиме, а токму тоа е таа општествена одговорност кога возвраќаме на локланото население, во едукација на младите, едукација на спортски активности и поддршка на вакви настани. Се трудиме во сите области на општеството да помогнеме од најранливите категории на граѓани, па се до спортските настани. Тоа што сметам дека ни недостига е еден системски пристап на сите настани што се организираат на ниво на Македонија, бидејќи сметам дека од аспект на бизнис клиент многу полесно ќе ни биде да направиме селекција за вклучување, за да адекватно бидеме застапени. Не секое вклучување во општествено одговорно однесување со вклучување на нашата бренд приказна е соодветно, посочи Јанкуловска.
Општествената одговорност е една од главните вредности кои ги имаме како компанија и тоа не е само морална обврска, тука и долгорочна инвестиција во поздрава, поактивна, поединствена заедница, рече Клемен Турк, менаџер во ЛТХ Леарница.
Нашите клучни иницијативи во општествената одговорност е и спортот во која насока имаме ангажмани со локални училишта, образовни центри, менторски програми, волонтерски програми и ги и охрабруваме нашите вработени да учествуваат во овие програми. Веруваме во развојот преку спортот, дека спортот е една јака сила која гради дисциплина, карактер, гради тимска работа, како и поздрав начин на живот. Веруваме дека не е ова само да се стигне до некоја физичка активност, туку и да се создава општествена припадност и социјална кохезија. Од аспект на компанија за нас многу е важно иницијативите да се усогласени со вредностите на нашата компнија. Тоа значи дека сакаме безбедност, професионален настап, инклузија. Еден предизвик е тоа што имаме ограничени ресурси и персонал за тие активности. Основна работа ни е производството, но сакаме да сме вклучени во тие активности и за нас е многу важно да се создаваат долгорочни релации со иницијативите, не сакаме еднократни настапи и проекти. Ние секоја години ги буџетираме и планираме тие активности и по толку години доста лесно ги имплементираме, додаде Турк.
Веќе 9 година Костал Македонија е во Охрид и заедно со„ Охрид трчаТ“ ќе славиме 10 години. Девет години сме општествено одговорна компанија враќајќи назад на општеството од тоа што го добива од него, Виктор Дојчиновски, директор на човечки ресурси во Костал.
Ние сме неизоставен дел од Охрид и поширокиот регион и нашата општествена одговорност е повеќедимензионална. Таа се огледува во поддршката на образованието, поддржувачи сме на културата, на тоа што е одговорен и одржлив однос кон животната средина, на Охридскиот пливачки маратон, го поддржуваме велосипедизмот… Тоа што е карактеристично за Костал Македонија е што настојува своите вработени да ги поттикне кон волонтеризам, одговорно однесување. Повеќе од 120 вработени ќе земат учество утре на „Охрид трчаТ“. Нашата првична цел заради што постоиме е производството и за да ги задоволиме барањата на нашите клиенти. Од друга страна ваквите настани кои значат општествена одговорност значат ангажирање и на материјални средства и на ресурси кои ќе треба да се занимаваат заедно со организаторите на настаните. Како предизвици со кои се соочуваме во оваа насока е дека не секогаш постои идентификација на тоа што се темелни вредности на компанијата, со тоа што се цели на некои проекти од заедницата и второ, некогаш кај ваквите проекти проблем е што компанијата која се јавува како поддржувач е далеку поподготвена од самиот организатор. Барањата кои дошле по заклучување на нашите буџети за спонзорстава и донации сме морале да ги одбиеме и тоа на некои добри проекти, затоа што не биле поднесени на време или им требало повеќе време да се доподготват на начин кои ние сме очекувале, посочи Дојчиновски.
Од првата година од кога постоиме како компанија имавме чест да бидеме контактирани од „Охрид трчаТ“, во насока и на тоа што нашата компанија се занимава со работа со спортска опрема, рече Александар Митковски, со-сопственик на Спорт Лаб.
Нашата цел од самиот старт е да го поддржуваме спортот колку можеме. Вратата ни се отвори со „Охрид трчаТ“, по што ни се отворија и многу други врати на соработка на настани поврзани со трки низ Македонија. Се стремиме и ги поддржуваме и треил трките, како и разни други настани каде има промоција за здрав живот. Сме немале некои силни предизвици во воспоставувањето на соработки бидејќи ние целиме да работиме на догорочни стази и при самите контакти со организаторите сакаме да знаеме точно кои се нивните барања, кои се нашите, очекувања, цели, се да биде што е можно пореално за да може да се надминат сите потенцијални недоразбирање. Досега со сите организатори сме имале одличен пристап, а ние максимално професионално нашиот дел сме го завршувале, сме го реализирале тоа што сме го ветиле, додаде Митковски.
Н.С.Ј.